Насловна Нови Емигранти Осигурување

Осигурување

 

Здравствено осигурување (Ontario Health Insurance Plan - OHIP)

OHIP плаќа за основните медицински сервиси за највеќето граѓани на Онтарио. За да се аплицира, мора лично да отидете во некоја од канцелариите на OHIP (локации и работно време). Во канцеларијата мора да донесете оригинални документи кои го докажуваат вашиот статус во Канада, вашата адреса (документ кој ги поврзува вашето име и вашата адреса како извод од банка, писмо кое сте го добиле на вашата адреса или слично) и идентитет (пасош).

Откако ќе аплицирате, треба да поминат 3 месеци додека да сте осигурани од OHIP. Во овој период се препорачува да купите здравствено осигурување од некоја приватна осигурителна компанија, затоа што здравството во Канада е доста скапо доколку не сте осигурани. Посетете го сајтот на Канадската Асоцијација за Животно и Здравствено Осигурување (Canadian Life and Health Insurance Association) за информации за приватните осигурителни компании.

Број на социјално осигурување (Social Insurance Number - SIN)

Секој што сака да се вработи во Канада, мора да има SIN. Забрането е со закон за работодавачите да примаат луѓе без ваков број. SINот се користи и кога се аплицира за владини сервиси и кога се плаќа таксата.

За да се аплицира за SIN, треба да се оди лично во некој Центар за Односи со Луѓе на Канада (Human Resource Centre of Canada - локации и работно време). Во центарот треба да донесете оригинални документи кои го докажуваат вашиот статус во Канада, како и вашиот идентитет.

Авто Осигурување

Во Канада е забрането да се вози без осигурување. Секој шофер мора да има доказ за валидно авто осигурување во секој момент додека вози. Ваквото осигурување се купува од приватни осигурителни компании, а цената се одредува во зависност од вашата возраст, вашето возачко искуство, производител, модел и година на автомобилот кој ќе го возите, тип на возачка дозвола кој го имате, бројот на казни или сообраќајки кои може да ги имате, како и вашата адреса на живеење.

Цената на осигурвањето е за цела година, но се плаќа на 12 месечни рати. Доколку се плати во готово, многу осигурителни компании нудат мал попуст. Осигурителната полиса се обновува на секои 12 месеци и цената може да остане иста, или да оди нагоре или надолу во зависност од вашата возачка историја во изминатата година. За млади шофери под 25 години цената на осигурувањето е висока без разлика на типот на возило кое го возат. Ситуацијата е слична и за новодијдени затоа што нивната историја е празна во моментот. Како и да е, и ова е многу важно, доколку шоферот има возачко искуство надвор од Канада, ова искуство може да биде признаето во Канада, со што цената на осигурањето драстично ќе се намали.

Има многу сајтови кои даваат цени на многу различни компании одеднаш и ги даваат најдобрите неколку цени. Некои од нив се:

 

Коментари