Насловна Нови Емигранти Образование

Образование

 

Основно / Средно Училиште

Државните основни и средни училишта имаат регионална управа.

Во Онтарио сите граѓани на возраст меѓу 6 и 16 години мораат да одат на училиште. Највеќето од учениците продолжуваат и по оваа возраст за да добијат Диплома за Завршено Средно Образование, што се случуваа во 12та или 13та година од школувањето.

Во основните училишта има градинки, како и настава од прво до осмо одделение.

Средното образование трае 4 години, од прва година (Grade 9) до четврта година (Grade 12). За да се добие Диплома за Завршено Средно Образование, учениците треба да завршат најмалку триесет предмети (кредити) во средното образование.

Учениците кои планираат да го продолжат своето образование на универзитет треба да поминат најмалку шест Академски Предмети за време на нивното средно образование. Во Академските Предмети се изучуваат истите теми како и во редовната настава, на повисоко академско ниво. Шесте Академски Предмети се бројат кон триесетте потребни предмети за завршување на средното образование. Имајте на ум дека шансите за упис на универзитет се поголеми доколку имате учено повеќе Академски Предмети.

Граѓани од секоја возраст можат да земаат предмети кои се изучуваат во средното образование, или за да добијат Онтариска диплома, или од личен интерес.

Постојат и приватни основни и средни училишта. Овие се раководени независно од државните и не примаат средства од државата (што значи дека се плаќа школарина).

Наставата во највеќето основни и средни училишта во Онтарио се одржува на Англиски или Француски. За новодојдени постои и можноста за ESL (English as Second Language - Англиски како Втор Јазик) предмети кои ги има во многу, но не во сите училишта.

Универзитети / Колеџи

Во Онтарио има 19 универзитети и 24 колеџи. Високото образование типично трае 4 до 5 години за универзитетска диплома и 2 до 3 години за диплома од колеџ.

На универзитет може да се изучуваат разни програми од областите на уметноста и науките, како и професионални програми (инженери, доктори, адвокати) и пост-дипломски студии. Право да аплицираат за упис на универзитет имаат сите ученици кои имаат завршено средно образование во Онтарио со најмалку шест Академски Предмети, како и тие што имаат завршено средно образование надвор од провинцијата.

Апликантите кои имаат диплома за завршено средно образование од друга земја мора да припремат и документи кои треба да се приложат со стандардната апликација на секој универзитет посебно. Ова е листа од документи кои се потребни:

 

  • Оригинали и заверени преводи од целата програма од средно образование (која во детали опишува кои предмети се изучени, и кои области се покриени во склоп на секој предмет - ваква програма треба да има во средното училиште каде апликантот има завршено)
  • Оригинали и заверени преводи од сведителствата од секоја година од средното образование
  • Оригинал и заверена фотокопија од Дипломата за Завршено Средно Образование
  • Резултат од TOEFL пратен директно на универзитетот каде аплицирате (најмалку 550 на тестот, а многу често преку 600 доколку аплицирате на универзитет со подобра репутација)
  • Оригинали и заверени преводи од други документи кои сметате дека ќе Ви помогнат при уписот, како награди, курсеви, достигнувања и слично (доколку ги имате).

 

Ова е дел од документите кои се потребни. Различни универзитети може да побараат и додатни документи, како и да полагате нивен приемен испит или испит по Англиски. За детали контактирајте го универзитетот и факултетот на кој сакате да аплицирате.

Во Онтарио краен рок за поднесување на апликациите за универзитет е во првата четвртина од секоја година и е различен од универзитет до универзитет и од програм до програм. Резултати од уписите се добиваат од почетокот на Мај до крајот на Август секоја година. Целиот процес на аплицирање оди преку OUAC (Ontario Universities' Application Centre).

Иако универзитетите во Канада добиваат средства од државата, за секоја програма се плаќа школарина која почнува од околу $3500 до околу $9000 годишно во зависност од програмата на која ќе се запишете. Меѓутоа, скоро сите универзитети нудат кредити и стипендии. Владата на Канада нуди кредити за образование кои се без камата за време на образованието, кои ги користат најголемиот дел од студентите. За ваков кредит се аплицира откако некој универзитет ќе понуди упис. За детали околу кредитите за студенти во Онтарио посете ја страната на OSAP (Ontario Student Assistance Program).

Поголеми Универзитети во Канада

 

  • University of Toronto, Toronto, ON
  • University of Waterloo, Waterloo, ON
  • McMaster University, Hamilton, ON
  • Queen's University, Kingston, ON
  • York University, Toronto, ON
  • Carleton University, Ottawa, ON
  • McGill University, Montreal, QC
  • Concordia University, Montreal, QC
  • University of British Columbia, Vancouver, BC

 

Колеџите ги подготвуваат студентите за кариера во областа на бизнисот, применетата уметнист, технологијата, како и некои медицински науки (забни техничари, медицински сестри, асистенти на доктори...). За разлика од универзитетската школарина, школарината која се плаќа за колеџите е помала и се движи од $700 до $2000 годишно.

И универзитетите и колеџите нудат редовна и вонредна настава, како и предмети за усовршување, практична настава и друг тренинг.

ELD (English Literacy Development - Развивање на Писменоста на Англиски) / ESL (English as Second Language - Англиски како Втор Јазик) за ученици во основно училиште

Учениците на кои им е потребна помош да научат Англиски во основно училиште ги имаат следниве избори:

 

  • Да добиваат повеќе помош од нивниот редовен наставник за време на редовните часови
  • Да добиваат повеќе помош од наставник кој е задолжен за ESL / ELD по редовните часови
  • Наместо да одат на редовни часови, да работат со наставник задолжен за ESL / ELD

 

За повеќе информации за Вашето дете, како и за да се испита нивото на Англиски на кое е, одете до најблиското основно училиште и зборувајте со некој од советниците таму.

Овој документ содржи повеќе детални информации за нивата на учење Англиски.

ELD (English Literacy Development - Развивање на Писменоста на Англиски) / ESL (English as Second Language - Англиски како Втор јазик) за ученици во средно училиште

Учениците од средно училиште а сеуште го учат Англискиот јазик, плус редовната настава земаат и ESL или ELD предмети. Училиштата може да понудат највеќе пет ESL и четири ELD предмети, секој на различно ниво. Учениците кои ги земаат овие предмети се распоредуваат според нивното познавање на Англискиот јазик, а не според годините или одделението. Некои училишта имаат и специјални предмети за ученици кои го учат англискиот, како на пример ESL Географија, Историја, Физика, Хемија и Математика.

Многу средни училишта нудат вакви ESL предмети, но не и сите. Посете ги средните училишта во Вашата област за да дознаете каде најблиску до вас има ESL.

ESL (English as Second Language - Англиски како Втор Јазик) за возрасни

Владата на Канада има многубројни програми преку кои новодојдените го учат локалниот јазик (Англиски или Француски). LINC (Language Instructions for Newcomers in Canada - Помош со Јазиците за Новодојдени во Канада) е ваков програм. Во склоп на програмот се нудат целодневни или полудневни часови за Англиски, а некои центри на LINC нудат и бесплатни градинки додека родителите се на часови. Вакви часови по Англиски има за сите возрасни и за сите нива на познавање на Англискиот јазик.

Во областа во која живеете исто така има и многу приватни училишта за Англиски, кои држат интензивни курсеви по јазикот, како и курсеви за подготовка за полагање на разни тестови за Англиски (TOEFL, IELTS...). Најдобро место да побарате вакви училишта е во телефонскиот именик, во жолтите страници.

 

Коментари