Насловна Нови Емигранти Градинки

Градинки

Градинки (Предучилишна возраст)

Информации за градинките во областа во која живеете може да најдете на следниве места:

  • Ontario Early Years Centres
  • жолтите страници од телефонскиот именик под Child Care или Day Care
  • реклами во весници и огласни табли (кои ги има на сите јавни места)
  • канцелариите на Министерството за Деца и Услуги за Млади
  • информативни центри во Вашата област, библиотеки и цркви
  • отсекот за работа со луѓе (human resources) на Вашето работно место
  • соседи, пријатели, колеги и роднини

Цените за градинка се разликуваат во зависност од местото и областа во која живеете, како и потребите кои вашето дете може да ги има и се движат од $200 до преку $800 месечно. Во листата се прикажани просечните цени за градинки во различни градови низ цела Канада:

Просечни цени за градинки:

  • Chatham (Ontario) $825
  • Ottawa $750
  • Toronto $720
  • Kitchener $650
  • London $640
  • Yellowknife $600
  • Saint John $430
  • Fredericton $420
  • Regina $415
  • Winnipeg $395
  • Montreal $205

Канада има и доста програми кои се наменети да помагаат на фамилии со деца. За детали прочитајте го Водичот за Детски Додаток за Фамилии во Онтарио.

Иако градинките се поедукативни и веројатно позабавни за Вашите деца, исто така тие се доста скапи. Како алтернатива за градинка може да побарате некој да Ви го чува детето во Вашето живеалиште. Има многу луѓе кои нудат вакви услуги. Исто така можете и да се договорите за цена, но очекувајте да платите меѓу $8 и $12 за еден час. Можете да го контактирате Македонскиот Центар за контакти од Македонци кои нудат вакви услуги.

Градинки (Училишна возраст)

Основните училишта во Канада имаат и градинки за деца на возраст од 4 до 5 години. Обично децата одат во училиште / градинка во областа во која живеат, па ова имајте го на ум кога ќе барате место за живеење. За детали посетете го најблиското основно училиште. Адреси од сите училишта може да најдете на сајтот на Министерството за Образование.

 

Коментари