Насловна Нови Емигранти Добредојдовте

Добредојдовте во Канада

 

Добредојдовте во Канада!

Доаѓањето во нова земја е возбудливо и Ве наградува, но може да биде и доста предизвикувачко. Канада нуди многу можности за новите имигранти. Овој дел од сајтот ќе ви помогне да го започнете патувањето на добра нога.

Ќе треба да најдете место за живеење, да ги запишете децата во училиште, да аплицирате за здравствено и социјално осигурување, да отворите сметка во банка, да најдете работа или да почнете сопствен бизнис, да научите да патувате низ градот во кој што сте или да купите автомобил, да се запишете на англиски, каде да купувате храна, да го користите телефонот... и сите овие информации и повеќе ви се достапни преку сајтов.

Доколку имате прашања за кои не можете да најдете одговор на сајтов, слободно пратете ни емаил на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и ќе добиете одговор во најскоро време.

Иако ние постоиме да помагаме на Македонци низ цела Канада, овој вебсајт е сеуште во изградба и во моментов се фокусира на детали за процедурите низ кои треба да поминат новите имигранти во Онтарио. Овие процедури се слични низ цела Канада.

Искрено,

Македонски Центар за Културна и Социјална Интеграција

 

Коментари