Насловна Мак. Центар Мисија и Цели

Мисија и Цели

"Само обединети, организирани, активни и непоколебливи заедници можат да изродат позитивни промени и да промовираат соработка, развој и просперитет..."

МИСИЈА:

Ние сме обврзани да иницираме комуникација, обединување и соработка помеѓу членовите на македонската заедница во Канада и да обезбедиме културни, социјални и образовни услуги кои би им помогнале на Македонците кои живеат Канада да опстојат самостојно и да остварат полесна транзиција, како културна и социјална интеграција во канадското општество.

ЦЕЛИ:

  1. Да поддржи позитивна, базична меѓусебна соработка, како и заемна помош помеѓу сите генерации на Македонци кои живеат во Канада;
  2. Да поттикне поголема инволвираност, поширико учество на Македонците во нивната сопствена заедница, како и придонес кон организираните напори за промовирање на македонскиот дух во Канада;
  3. Да поттикне транспарентност, одзив, доверба и одговорност во односите помеѓу сите Македонци кои живеат во Канада;
  4. Да го зголеми пристапот на информации и услуги за новодојдените Македонци во Канада;
  5. Да се развива и да стане форум за соработка кој ќе служи како врска за комуникација помеѓу сите канадски Македонци и сите нивни формални и неформални организации и здруженија;
  6. Да ги промовира интересите на македонската заедница и помага во нејзино интегрирање со канадското општество, како и да ги застапува интересите и статусот на Македонците во Канада и низ целиот свет;
  7. Да ги чува, негува и дополнително афирмира македонскиот јазик, традиција, обичаи и култура.

ФОРМИ НА ДЕЛУВАЊЕ:

Нашата организација постои со цел да се реализира нејзината намена која се состои од следниве три дела:

  1. Обезбедување и одржување на виртуелен, интер-активен простор (веб-страница) каде што ке бидат промовирани и реализирани сите цели на организацијата;
  2. Обезбедување физички простор, односно канцеларија каде ќе се пружа помош на новодојдени имигранти;
  3. Делување како непрофитабилна организација која како дел од граѓанското општество активно ќе спроведува проекти и активности, ќе бара донации и спонзорства и ќе имплементира грантови кои би ги промовирале интересите и општото добро на канадските Македонци.

АКТИВНОСТИ / ИНИЦИЈАТИВИ:

Македонскиот Центар за Културна и Социјална Интеграција ќе ги презема следните иницијативи односно активности:

  • Поттикнување на комуникација и соработка помеѓу сите различни генерации на Македонските имигранти кои живеат во Канада, како и помеѓу различните организации на Македонците во Канада, преку размена на информации, организирање на социјални и културни настани, одржување на база на податоци со контакти и демографски податоци за сите Македонци кои живеат во Канада односно сите организации и здруженија на Македонци во Канада, формални и неформални;
  • Промовирање на македонската заедница во Канада преку поттикнување на соработка со канадски владини агенции, како и невладини организации односно здруженија, лобирање на интересите на канадските Македонци и унапредување на статусот на македонската заедница во Канада;
  • Креирање на медиумска стратегија и програма кои ќе ги промовираат и рекламираат целите на организацијата користејќи различни медиуски кампањи како основни алатки за промовирање на интересите и стремежите на македонската заедница и, конкретно, ќе ја истакнуваат професионалната, интерактивната и солиднно обработената веб страница на здружението како главен медиум за комуникација (веб страницата ќе содржи информации за вработување, населување и полесна интеграција, база на податоци со контакти, интерактивен дел, прашања и совети, култура и забава, социјални настани, спорт и рекреација, како и многу други практични информации);
  • Обезбедување на услуги и совети за адаптација и полесна интеграција на новодојдени преку нудење на совети и помош во однос на вработување, клуб односно групи за социјализација на новодојдени, детска градинка, помош со документација, здравствени информации, правна помош итн.Ч
  • Зачувување и негување на македонската традиција и култура со преземање на иницијативи и напори во областа на образованието, издаваштвото, уметноста, фолклорот, спортот и сл.;
  • Други активности кои ќе ги реализираат и унапредуваат мисијата и целите на организацијата.

 

Коментари