Насловна

Стоп за нови барања за спонзорирање на родители

На 4ти ноември 2011 година, во весниците и на сајтот на Citizenship and Immigration Canada е објавена вест дека веќе не примаат нови апликации за спонзорирање на родители, баба или дедо. Нови апликации нема да се примаат до 2 години од денот кога одлуката стапува во сила (5ти Ноември, 2011).

Заради решавање на проблемот со каснење на решенијата за веќе поднесените документи, се планира да се превземат повеќе активности – наведени и објаснети подетално на интернет страницата на Владата на Канада.

Во сила стапуваат четири мерки:

  1. Догодина за 60% ќе се зголеми бројот на одобрени спонзорства на родители, баба или дедо;
  2. Владата воведува нов тип на виза за родители или баба/дедо ("Parent and Grandparent Super Visa") која би имала времетраење од 10 години со можност за повеќе влегувања. Сите оние кои имаат ваква виза ќе може да престојуваат во Канада до 24 месеци одеднаш. Визата ќе може да се добие по 1ви Декември 2011, а ќе се издава во рок од 8 недели по поднесувањето на барање;
  3. Владата на Канада ќе ја преструктуира целата процедура за спонзорирање на родители, баба или дедо;
  4. Се воведува привремена пауза за примање на нови барања за спонзорирање во времетраење до 24 месеци.
Повеќе и попрецизни информации може да се најдат на сајтот на владата на Канада:

 

Коментари