Насловна

Канадски пензии во Македонија

На 1-ви Ноември, 2011 год. стапи на сила Договорот за Пензиско Осигурување помеѓу Македонија и Канада. Како што ни беше претходно соопштено, ова е потврдено и на интернет страницата на канадската влада:

Текстот на договорот може да го најдете како PDF документ (9 MB) овде.

Повеќе информации околу договорот може да се најдат на оваа страна на Министерството за Труд и Социјална Политика на РМ.

Во Канада:

На оваа страница на Владата на Канада дадени се меѓудржавните договори за признавање на пензискиот стаж со други држави. Договорот е веќе во сила, иако страницата не е уште променета.

На кратко, можно е да се оствари пензиски стаж и во Македонија и во Канада, но ако фали било каков период на осигурување за остварување пензија, може да се користи период од друга држава. Деталите околу исносите се сеуште во изработка.

Услови за остварување на старосна пензија во Канада се 10 години престој, а за користење на истата надвор од Канада потребни се 20 години престој во Канада по наполнување на 18 години старост.

Генерално, во Канада постојат следниве типови на пензиско осигурување:

  1. CPP - Canada Pension Plan - Канадска државна пензија за лица кои уплаќале во канадскиот пензиски фонд. Износот зависи од годините и висината на уплата во фондот. Повеќе информации на следниов линк:
  2. Старосна пензија - се остварува при полнење на 65 години. Предуслов е остварување на било каков, дури и минимален период на уплаќање на средства во пензискиот фонд. Во пензија може да се оди најрано на 60 години, при што трајно се намалува износот на пензијата. За повеќе информации:
  3. Додаток за гарантиран приход - ова е уште еден паричен додаток кој е наменет за оние чии пензиски приходи се под определен износ.
  4. Останати услуги кои Владата на Канада ги дава како помош за пензионирани лица:
  5. Крајно, можни се и дополнителни пензии за оние кои доброволно и дополнително уплаќале:
    • Corporate Pension - некои фирми уплаќаат определен износ за своите вработени во пензискиот фонд на фирмата
    • RRSP - уплата во банкарска установа за лично пензиско осигурување, кое луѓето сами го остваруваат, кога и колку можат.

Во Македонија:

Повеќе информации за пензиите во Македонија може да се најдат на следниве линкови:

Тука може да се најдат информации и за прописите за инвалидска и семејна пензија.

 

 

Коментари