Насловна

Рибарски Натпревар и Излет - 2013

По седми пат, Македонскиот Центар организира фамилијарен рибарски иэлет и натпревар на Belwood Lake на 16-ти Јуни, 2013, Недела.


Добредојдени се сите аматерски и професионални риболовци, како и сите оние кои сакаат да поминат еден ден во природа со добро друштво.

Излетот ќе се одржи во недела на 16-ти Јуни, 2013, во Belwood Lake Conservation AreaПогледни карта до местото.

Се покануваат да дојдат сите аматерски и професионални риболовци, но секако и сите оние кои сакаат да поминат еден ден на излет со добро друштво. Учеството на натпреварот не е задолжително, но за најуспешните риболовци следуваат интересни награди.

Рибарскиот натпревар почнува во 10 часот наутро, а завршува во 5 часот попладне. Натпреварувачите треба да се пријават до 9:30 часот. Секој натпреварувач мора да има важечка дозвола за рибарење.

Секој треба да се погрижи за својата храна и пијалоците.

За повеќе информации околу настанот обратете се до Стојан Лазаров на 416.710.9353 или до Киро Банишки  на 905.878.2132 секој ден после 6 часот попладне.

Слики од претходните натпревари може да се погледнат во галеријата.

 

Коментари