Насловна За нас

За нас

 

Македонскиот Центар за Културна и Социјална интеграција е основан од страна на македонската заедница во Канада за да ја подобри соработката помеѓу членовите на македонската заедница и да промовира полесна и побрза интеграција на Македонците во канадското општество.

Македонскиот Центар е воспоставен како одговор на потребата за поголемо унапредување на Македонците во Канада како и потребата за поефикасна и организирана соработка помеѓу сите Македонци кои живеат во Канада. Покрај тоа, Македонскиот Центар е создаден за да го пополни недостатокот на услуги при населување и адаптирање, конкретно наменети за Македонците кои имигрираат во Канада, а чиј број драстично се зголемува.

Македонскиот Центар има тенденција да се развива и да обезбедува низа од услуги за македонско-канадската заедница, како и другите заедници кои што егзистираат во Канада. Членовите на Македонскиот Центар се посветени да работат за заедничкото добро на својата заедница и се стремат кон остварување на најголемото лично исполнување - сатисфакција, која произлегува од помошта дадена на своите луѓе. Членовите на Македонскиот Центар се решени да го негуваат македонскиот јазик, традициите, културата, обичаите и другите врености на Македонската нација. Македонскиот Центар ќе настојува да предизвика позитивни промени во македонската заедница во Канада, како и во канадското општество воопшто, и понатаму ќе ја развива оставнината на Македонците кои живеат во Канада.

Членовите на Македонскиот Центар се посветени на промовирање транспарентност, разнообразие и соработка со различни членови на македонската заедница, како и доброволен придонес и нинцијатива како клучни за произведување позитивни промени. Долгорочна ориентација на организацијата ќе биде да стане форум за соработка кој ќе служи како врска за комуникација помеѓу сите канадски Македонци и сите нивни организации.

 

Коментари